Празнувањата на Свети Климент Охридски, утрово започнаа со свечена литургија во Светиклиментовиот храм на Плаошник, со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј. На свечената литургија , присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на гостите кои се во Охрид во чест на празникот.

Градоначалникот Бакрачески и претставници на општествено политички организации и институции, пред спомениците на светителот во ОУ “Св.Климент Охридски“ и на градскиот плоштад, се поклонија и положија свежо цвеќе. Во текот на денот, градоначалникот Бакрачески оствари протоколарни средби со делегациите на збратимените и пријателски градови.

Празнувањата завршуваат вечерва со свечена академија во НУЦК “Григор Прличев“, на која на ОО на Црвен Крст Охрид ќе му биде врачена годинашната награда “Свети Климент Охридски – патрон на Охрид“.

OhridNews

Охриѓани се упатија кон Плаошник и му оддадоа почит на Патронот на градот