Традиционално, во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица од 17-24 ноември, Црвен крст Охрид под мотото „НИЕ сакаме-ВИЕ знете-ЗАЕДНО можеме” организира низа активности посветени на нашите повозрасни сограѓани.

На 22.11.2012 г. (четврток) од 11:00 ч.,  младите активисти на Црвен крст Охрид ќе ги посетат старите лица во Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид, при што ќе им бидат поделени пригодни подароци, а со специјално подготвена  програма за оваа прилика ќе ги забавуваат учениците од ОУ „Живко Чинго” .

За старите лица од Охрид и Дебарца ќе бидат реализирани бесплатни прегледи на мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта, во просториите на Црвен крст Охрид во четврток , на 22- ти ноември, со почеток во 8:00 часот.

– Сите овие години се обидувавме на оние кои чекорат по патеката на животот да им подариме повеќе сонце и радост. И овој ноември ќе почукаме на нивната врата со желба да бидеме со нив и им подадеме пријателска рака, велат од општинскиот Црвен крст.

OhridNews