Со низа настани и манифестации општина Охрид ќе го одбележи празникот „Свети Климент“, заштитникот на градот.
Во недела на градскиот плоштад со почеток во 13 часот ќе биде органиизрана приредбата „Младите во чест на Свети Климент“ .
На 7-ми декември со почеток во 16 часот ќе се одржи настанот „Сите кон Свети Климента“ со групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18:30 часот ќе се следи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, а свечената приредба по повод патрониот празник ќе се одржи во просториите на Гимназијата „Св. Климент Охридски“.
На денот на патронот Свети Климент – 8-декември во 09:30 часот ќе има поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски на Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18 часот ќе се одржи традиционалната изложба на Фото-клубот „Охрид“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, како и изложбата на дела на роднокрајни ликовни уметници.
Манифестациите по повод Патрониот празник на Охрид ќе бидат заокружени со Свечената академија што ќе се одржи во Центарот за култура од 19 часот.
OhridNews