Со низа настани Општина Охрид ќе ја одбележи 120 годишнината од Илинденското востание. Во рамки на програмата на 1-ви август предвидена е промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, што ќе се одржи во големата општинска сала од 11 часот.
Вечерта од 20 часот во рамки на „Ноќ спроти Илинден“ пред обележјето не Илинденците во село Велгошти ќе биде положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење ќе одржи м-р Михаил Патчев.
Ден потоа, на 2-ри август ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците и тоа од 10 часот во градскиот парк, од 10:20 часот кај Прентов мост и од 10:30 часот во селото Плаќе.
OhridNews