По повод патрониот празник на основното училиште „Григор прличев“, утре, 6-ти февруари ќе се одржат повеќе активности.
Во училишниот двор со почеток во 10 часот ќе се изведе химната на училиштето од страна на училишен хор, по што ќе следи доделување награди на ученици, читање на првонаградените литературни творби, изведба на песната „Игри без граници“ од хорот и оркестарот.
Во 10.30 часот ќе се одржат отворени часови со активности на учениците, а во 11.15 часот ќе започне Прличевата визита.
OhridNews












