Со пригодни свечености, денес и утре, Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид ќе го одбележува 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите. Како што потенцираат од партијата,  една од приоритетните цели на сите Роми во Македонија е побрзата интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Македонија.
 
Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивниот број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна Европна. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија Грција и Македонија. Ромите потекнуваат од Индија и самите меѓу себе се нарекуват Роми (Ром, Рома) или пак Синти (Синто, Синтура). Самото име има ознака на етничка припадност, меѓутоа се користи и за значењето маж. Ромите најверојатно го добиле името по Рама,  легендарниот јунк од староиндискиот еп Рамајана, а неговите припадници постанале Рамини деца (Романе чхаве).
           
Ромите се појавуваат во средновековните византски земји во средината на 11 век и може  со сигурност да се препостави дека тие во Македонија се присутни во 12 век, а голем борј на Роми се стигнати на овие простори за време на владеењето на српскиот крал Стефан Дечански., додека пак уште поголем број на Роми пристигнале во јужносолвенските земји за врме на владеењето на османлиите на овие простори.
 
Во Македонија во периодот 1888-1895 година, кога е правен попис на населенито, имале 22.001 жител – Ром. Најмногу Роми имало во битолскиот, прилепскиот, скопскиот струмичкиот и тетовскиот округ Половината од нив живееле во градовите.
 
Според подтоците на истражувачите и научнициате (етанолози, географи, социолози и историчари) кои ги проучувале Ромите, во периодот до 12-20 век над Ромите се правени, масовни егзодуси, прогони, погроми и асимилации. Уште се свежи сеќавањета на Холокаустот на Ромите во текот на Втората светска војна.   На предлогот на Слободан Верберски, од 6-8 април 1971 година е одржан Првиот Светски конгрес на Ромите. на Конгресот присуствувале делегати до 14 земји. Тие го прифатиле името Ром, определиле официјално знаме и химна на сите Роми во свеот. Биле формирани пет комисии, кои ќе сезанимаваат со општествени проблеми, образование, воени злосторства, јазик и култура.
 
Формиран е постојан Секретаријат на Конгресот и Извршно тело на Конгресот. За прв претседател бил избран Слободан Берберски. Воспоставен е и прв контакт на Ромите со нивната прататковина Индија преку Амбасадата на Индија во Лондон.

Од 1971 наваму, ромското движење во светот постојано расте, а Меѓународниот ден на Ромите 8 парил се слави во Америка, Африка, Азија, Австралија и Европа. Во Македонија се слави од 2007 год. по усвојувањето на тогашната влада на предлогот на ромскиот пратеник М-р Шабан Салиу за одбележување на денот.

Од тогаш 8-ми Април се одбележува како државен празник и неработен ден на Ромите во Македонија.

OhridNews