На симболичен начин вчеравечер беше означен стартот на 10-то јубилејно издание на „Ohrid running weekend“ со ноќната трка каде учество земаа вљубеници во спотот, рекреативци, луѓе исполнети со позитивна енергија располoжени за спорт и забава. Трката годинава беше посветена на компанијата „Костал Македонија“ по повод заедничкиот јубилеј и десет години соработка.

Учесниците на стартот од Куба Либре ја изминаа патеката во должина од 2км во правец на Кеј Македонија до големиот јарбол со македноското знаме кај пристаништето во центарот на Охрид. Потоа продолжија по шеталиштето Кеј Македонија за да финишираат пред хотел Палас.

Учениците и сите присутни гости имаа можност по трката да уживаат во концерт на групата „NO FUN”. Исто така, посетителите имаа можност и да бидат дел и од хуманитарната Паста забава од која средствата ќе се донираат во хуманитарни цели.

Претходно во текот на денот почувајќи од 10 до 20 часот, тркачите можеа да ги преземат своите стартни пакети, а истото може да го направат и во текот на денешниот ден бидејќи Охрид трчаТ – Експо продолжува и денес до 20 часот.

Главниот настан од „Ohrid running weekend“ трките на 21К и 5К се закажани за утре, недела, со почеток во 8:15 односно во 9 часот на Кеј Македонија пред хотел Палас, каде учество ќе земат над 2.700 учесници од повеќе од 30 држави.

OhridNews