Од денеска со работа започна втората дијагностичка лабораторија на Приватната здравствена установа „Дарон“, лоцирана на улицата „Јане Сандански“ број 57.

Во новата дијагностичка лабораторија, пацинетите ќе имаат можност да ги добијат сите услуги, како и многу ретки и специфични анализи кои отсега ќе бидат достапни за охриѓани.

Работното време на лабораторијата е од 07:30 до 15:30 од понеделник до петок. После 15:30 часот, резултатите од тековниот ден ќе бидат достапни во централната лабораторија на ПЗУ „Дарон“ на булеварот „Туристичка“ во централното подрачје.

OhridNews