Нови 10 милиони евра за малите бизниси, најави евроамбасадорот Аиво Орав, нагласувајќи дека целта е да се поттикне економскиот раст и преминот кон пазарната економија.

Ова доаѓа по проектираните 2,2 милиони евра кои беа потрошени во изминативе години, кои како што е оценето, им помогнале на фирмите да го зголемат приозводството и извозот, односно конкурентноста на домашниот и регионалниот пазар,

Повеќето фирми со подрршка на европските експерти, успешно ги остварија поставените цели како што се зголемување на бројот на работни места и конкурентноста.“ – истакна Орав.

Како што нагласи Министерот за економоја, Ваљон Сарачини, проектите на фирмите им обезбедија директна помош за подобрување на нивните бизнис перфомански кои се заначајни за да се биде конкурентен на пазарот.

Истражување на пазарот, развој на пазарна стратегија, брендирање, барање стратешки партнери, истражување извозни можности и привлекување инвеститори беа само дел од инструкциите што ги совладаа домашните фирми во рамки на ЕУ-проектите.“ – истакна Сарачини.

Инаку, преку овие финансиски средства, продолжува поддршката што Европската унија ја дава на земјава, односно на малите и средни претрпријатија.

OhridNews