Книжниот фонд на охридската библиотека деновиве е збогатен со неколку нови наслови.

Љубителите на пишаниот збор, од денес ќе можат да ги изнајмат книгите: „На дното и отфрлен во Париз и Лондон” од Џорџ Орвел, „Грациела” – Алфонс де Ламартин, „Еднаш одигравме љубов”–Елена Конеска, „Смртта на еден среќен човек”–Џорџо Фонтана, „Заслепување” – Мирчеа Картареску, „Заслепување 2” – Мирчеа Картареску, „Реплаѕ”–Бенјамин Штајн, „Фердидурке”–Витолд Гомбрович.

Меѓу новите наслови се и книгите: „Избор или изгор”–Јусуф Сулејман, „Многу малку светлина” – Владан Матијевиќ, „Мемоарите на една млечка”–Блаже Миневски, како и „Коработ” од Здравка Евтимова.

OhridNews