Новиот Закон за финансиска дисциплина со кој треба да се подобри ликвидноста на стопанските субјекти е во завршна фаза и наскоро ќе се најде на владина седница, најави министерот за финансии, Зоран Стеврески.
„Законот за финансиска дисциплина е во завршна фаза и сме во разговори со стопанските комори за добивање позитивни мислења во однос на законот бидејќи во него се содржани предлози што тие ги сугерираат. Тоа е добар закон за да се подобри финансиската дисциплина, да се заштитат кредиторите, да се подобри ликвидноста на стопанството”, изјави Ставрески.
Законот за финансиска дисциплина ќе се однесува на регулирање на обврските меѓу приватните субјекти со рокови за плаќање на обврските со цел да се знае кога ќе потпишат договор дека обврската ќе се реализира во рок од 60 дена, освен доколку двете странки не се договорат поинаку, тогаш може да биде максимално до 120 дена.
Ставрески рече дека исто таква одредба ќе има меѓу државните институции и приватните, значи 60 односно 120 дена за плаќање.
„Тоа ќе помогне навреме да се вршат плаќањата и да се подобри ликвидноста на стопанските субјекти и на тој начин верувам ќе му помогнеме во целина на македонското стопанство”, рече Ставрески.
OhridNews