Вработен во ЈП-Комуналец-Охрид вчера околу пладне во Полициската станица во Охрид пријавил дека истиот ден околу 11,15 часот на градскиот пазар во Охрид, додека вршел контрола по тезгите во присуство на двајца инспектори, по претходна расправија А.П., кој најверојатно бил под дејство на алкохол, извадил нож и почнал да замавнува кон него, велејќи му дека нема право да го отстрани од пазарот.

Не го повредил, но осомничениот предизвикал страв и вознемиреност кај присутните.

ПС-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на сторителот, соопшти МВР.

OhridNews
извор:МВР