По завршување на конвенцијата на здружената опозиција попладнево во Куманово, со нож бил повреден директорот на охридското јавно претпријатие „Охридски комуналец“, Сашо Алчев.


– Повреден сум на левото рамо, за среќа повредата не е длабока. Во моментов се наоѓам во кумановската Општа болница и се осеќам добро, изјави во телефонскиот разговор Сашо Алчев.

Алчев потенцира дека утре наутро ќе биде на своето работно место.

Од СВР- Куманово засега не излегуваат со официјална информација околу денешниот инцидент.

OhridNews