Еден од „златната генерација“ на Италија која го покори фудбалскиот свет на Мундијалот во Германија 2006 година, Кристијан Закардо нов клуб бара со оглас на интернет.
35-годишниот фудбалер сака да ги заобиколи менаџерите и затоа нов клуб побара со оглас кој веднаш стана топ тема во медиумите. Тој во огласот има свои информации и мотивационо писмо.
Закардо за „азурите“ настапи на три мечеви на Светското првенство. После тоа му се предвидуваше блескава кариера, но Закардо не се снајде најдобро и луташе по клубови во кои речиси и да не добиваше шанса.
Последно настапуваше во Виченца. Клубот после отпаѓањето во Третата лига ги разреши сите фудбалери вклучувајќи го и Закардо.
OhridNews