Големиот вљубеник во спортот Марино Гогов ја има главната улога во најновата епизода од иновативната видео кампања на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

Марино или познат како „Чичо“ ги искажува импресиите од минатото прво издание, го потврди учеството на спортскиот хепенинг кој ќе се одржи на 3 јуни и рече дека со трчањето и со „Охрид трчаТ“ секој учесник ќе биде чекор пред другите.

Tој заедно со осумчлена експедиција успешно го промовираа спортскиот настан број еден во Охрид во хрватскиот град Дубровник учествувајќи на трката од 21 километар.

Во видео кампањата ќе се појават уште јавни личности од општенствениот живот кои ќе имаат посебна порака за Атлетскиот викенд и за сите кои ќе учествуваат.

OhridNews