Под мото „Што е многу, многу е Стоп за насилството над жените – да преземеме акција на 8ми март!“, клубот Сороптимист од Струга, оваа година ќе пoкрене онлајн кампања и
ќе се обиде да го актуелизира проблемот со насилството над жените и да
повика на акција.

Како мотив за ваквата кампања од клубот ги наведуваат насилствата врз жените низ целиот свет.

-Во Пакистан, 14 годишната Малала беше убиена поради нејзината желба да оди на училиште. Бруталното силување и убиство на студентка во Делхи ја шокираа Индија. Во Англија, 9 мажи се на судење поради тоа што принудувале 11 годишни девојчиња да нудат сексуални услуги на нивни клиенти. Во Сирија, силувањето и сексуалното насилство редовно се користи како оружје во војната. Во САД, дневно,  3 жени умираат од рацете на нивните насилни партнери. Светската здравствена организација предвидува дека една од три жени ќе биде претепана, силувана или злоупотребена во текот на нејзиниот живот.-посочуваат од Сороптимист.

Оттаму додаваат дека насилството против жените е глобален проблем, а решавањето на овој проблем не е одговорност само на владите туку на секоја жена, маж, момче и девојче во светот.

-Сега е време да дејствуваме! 8ми март е ден во кој сите ние треба да најдеме начин соодветно да го одбележиме денот на жената со некоја конкретна акција со која ќе се влијае врз прекинување на насилството врз жените!-велат од Сороптимист.

OhridNews