Вечерва во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено било оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид..

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.-информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ова е трет напад на контроверзниот бугарски клуб во Охрид од неговото отворање минатиот месец.

Г.М.