Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал.

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот.

Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, без сценарио и режија, каде дефилираат голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство.
Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.
OhridNews











