Со палки и лисици ќе се одржува мирот во дискотеките
04.12.12 00:04
Вработените лица во агенциите за приватно обезбедување, со најновите законски измени ќе имаат пошироки овластувања. Во определени ситуации, обезбедувачите ќе можат да легитимираат и приведуваат лица со употреба на лициси, а во некои случаи се овластени да користат гумени палки и огнено оружје. Ова се дел од предложените измени на законот за приватно обезбедување, кое ќе се гласа на денешната 47-ма седница во македонското собрание.
Според заменик министерот за внатрешни работи, Џелал Бајрами, воспоставувањето на новиот систем на приватно обезбедување и условите кои треба да се исполнат за добивање дозвола за работа, се едни од целите на овие измени. Преку овој закон ќе се врши надзор од страна на ресорното министертво.
Од пратеничката група на СДСМ не го подржуваат овој закон. Според пратеникот Емилијан Станковиќ, законот не е во интерес на граѓаните. Исто така, пратеникот Изет Зеќири потенцира дека предложените законски мерки ќе отворат дополнитетлни проблеми. „Ќе поднесам амандмани по повеќе одредби од законскиот предлог, меѓу кои задолжително учество на семинари, работилници, обуки и тренинзи, за лицата кои бараат лиценци. Доколку правното лице ги надмине овластувањата при вршење на оваа дејност, треба да се прецизираат глобите кои ќе следат. Треба да се утврдат надлежности при употреба на огнено оружје, гумени палки и лисици“ – вели Зеќири.
Од 193 приватни агенции во земјава, 163 се активни во чии рамки се вработени 2900 лица.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедн...
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликов...
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.