Охриѓани се против поставувањето на детските реквизити на Кејот на езерото.

На прашањето на Ohridnews- Дали сметате дека местото на детските реквизити им е на Градскиот кеј, од вкупно 1084 анкетирани- 341, односно 31%, одговориле со ДА. Додека пак, 743, односно 69% од нив, се изјасниле дека не се согласуваат дека Кејот е вистинското место за нивното поставување. 


Голем број граѓани секојдневно коментираат дека освен детските реквизити, изгледот на Градскиот кеј и плоштад го нагрдуваат и бројните тезги на кои се продаваат пченки, очила за сонце, шешири и што уште не.


Очигледно е дека и годинава, Локалната самоуправа, намерно или не,  ја губи “битката” со нелегално поставените тезги.
Како и многу претходни години, така и оваа, дадените ветувања на надлежните беа дека конечно ќе се воспостави ред и ќе се избегне центарот на градот да наликува на панаѓур со кој тешко ќе се привлечат елитни гости, на кои надлежните одамна типуваат.

OhridNews