Со средства од кредит од Светска банка, која локалната самоуправа очекува да ги добие врз основ на веќе поднесените апликации, ќе се врши обновување на опремата со која располага јавното претпријатие „ Охридски комуналец“. Како што информираат од локалната самоуправа, со пари од кредитот ќе бидат набавени неколку машини наменети за извршување на тековните активности на претпријатието.

– Со купување на новите машини сметаме дека ќе ги подобриме перформансите на ова претпријатие се со цел да имаме почист и поуреден град, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Со средства од кредитот се предвидува и реконструкција на три поголеми улици во централното градско подрачје, како и на уште петнаесет во приградските населби и селата во околината на Охрид.

OhridNews