Италијанскиот шампион Јувентус со ангажман на голманот од Џенова, Матиа Перин ја започна ерата после Џајнлујџи Буфон кој замина после цели 17 сезони поминати во клубот од Торино.
Перин во Торино ги помина потребните лекарски прегледи и во најбрз можен рок ќе го официјализира трансферот во Јувентус од Џенова вреден 15 милиони евра.
25-годишниот чувар на мрежата ќе има голема обврска и задача во Јувентус, бидејќи ќе ја преземе единицата која со гордост и неверојатна пасија ја носеше Буфон.
Покрај легендарниот голман од Јувентус си замина Стефан Лихштајнер, а клубот го откупи договорот на Даглас Коста и во своите редови ги врати Пјаца, Калдара и Спинцола кои беа на позајмица.
OhridNews