Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 25-годишен жител на с.Радолишта за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 31-ви декември, пријавениот на патот од с.Радолишта-струшко, движејќи се своето возило им го попречил патот на двајца негови роднини, по што започнал вербална расправија во која тој се заканувал со пиштол. Откако едниот роднина успеал да му го одземе пишталот настанала физичка пресметка, соопшти МВР.

OhridNews