Пивото им е на голем дел од мажите омилен пијалок, додека жените воглавно имаат нешто против него, но, изгледа би било добро да се предомислат и да почнат да го пијат од здравствени причини. Имено, истражување покажало дека неколку пива неделно се сјајна превенција против ревматоиден артритис.

Ревматоидниот артритис ги погаѓа жените повеќе отколку мажите, а најчесто се јавува помеѓу 20-тата и 40-тата година. Но, ако пиете 2-4 пива неделно, вашиот ризик за развој на ревматиоиден артритис се намалува за 31%.

Алкохолните пијалоци претставуваат добар начин на превенција, бидејќи ако пиете нешто освен пиво во умерени количини, ризикот се намалува за 21%.

Научниците заклучиле дека се работи за влијанието на алкохолните пијалоци на делувањето на имунолошкиот систем и нивото на естроген во организмот, а бидејќи истражувањето е спроведенo на преку 200 илјади жени кои се следени помеѓу 25 и 38 години на познатиот Харвард, веруваме дека треба да се послуша нивниот совет.

 

извор:metro-portal.hr