Со пливачки митинг и меѓународна охридска веслачка регата стартува Ohrid Water Festival
19.08.23 11:35
Со пливачки митинг и меѓународна охридска веслачка регата стартува првото издание на Ohrid Water Festival.
На „ОВФ пливачкиот митинг“ како што претходно информираа организаторите, ПК „Акваспирит“, учествуваат над 150 пливачи и има пливачи од три клубови од Р.Србија, по еден клуб од Косово, Албанија, и Велика Британија. Вкупно има учесници од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории.
Meѓународната веслачка регата Охрид претставува продолжение на меѓународно познатата Илинденска веслачка регата. Домаќин на регатата е Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид. Трките се одржуваат во дисциплините скиф и дублскул. На регатата се натпреваруваат веслачи во возрасните групи: под 14 години, 15-18 години и сениори.
Во рамки на спортскиот дел на Фестивалот опфатени се 17 настани, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август.
Утре, петок од 11 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде домаќин на културно – уметничка средба на која гости ќе бидат членови на Македонското културно – уметничко друштв...
Од денес до 26 септември, Охрид ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“, турнир кој со право може да се нарече мини Балканско првенство, бидејќи на едно место ќе ги собере женските репрезентации на ...
Во Охрид денес и утре ќе се одржи 17 Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“ Конференцијата е во организација на Факулте...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.