Преку поетско-музички рецитал, Младинскиот совет Охрид достоинствено им го честита Меѓународниот ден на жената 8-ми март, на своите соработнички.

На настанот на кој пристуваа жени од јавниот, општествениот, културниот и политичкиот живот, свои творби читаа членовите на литературниот клуб „Поема“, а програмата ја збогати Тања Ѓоргиеска од ОМУ „Методи Патче“, со музичката изведба на гитара.

Од Младинскиот совет по повод вчерашниот празник 8-ми март, упатија честитки до сите жени.

,,Бидете внимателни да не натерате една жена да плаче, бидејќи бог ги брои нејзините солзи. Таа е создадена од машкото ребро, не од стапалата по кои се гази, не од главата да биде надмоќна, туку од реброто – да биде еднаква под раката – да биде заштитена, покрај срцето – да биде сакана!“ – велат од Младинскиот совет Охрид.

Како што истакнуваат од МСО, тие се надеваат на успешна соработка со припадничките од понежниот пол и во идниот период.

OhridNews