Во основното училиште „Григор Прличев“ се изврши промоција на училишен блог ,, Да учиме заедно,, и прирачник за унапредување на образованието на децата ,, Училиштето и заедницата,,. Блогот и прирачникот се резултат на меѓусебната соработка помеѓу училиштето и фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Проектот„ Да учиме заедно“ е училишна иницијатива за вклучување на семејствата и локалната заедницата во унапредување на образованието на учениците.

Целта на реализирањето на проектот е училиштето, преку имплементација на проектните активности од Проектот „Да учиме заедно“ да даде насоки за вклучување на поединците и групите од локалната заедница  во процесот на образование, кое нема да се одвива само во училиштата и да се промени сеуште присутниот традиционален однос на поделени улоги помеѓу училиштето и семејството.

– Поттикнати од свеста за важноста на вклученоста на родителите во образовниот процес, наша цел е да оствариме партнерски однос со родителите и заедницата, кој ќе овозможи нашите деца да развијат позитивни социјални ставови, училиштето да го доживуваат како место каде што го градат личниот интегритет и самодоверба со цел да постигнат подобри резултати во учењето. Сигурни сме дека и секој родител сака да придонесе  во организирањето на училишниот живот на своето дете и во изградбата на партнерски однос со училиштето,  базиран на заемна комуникација, споделени обврски и одговорности во воспитувањето и образованието на децата, велат од проектниот тим при ОУ „Григор Прличев“.  

OhridNews