Општина Охрид со цел изготвување на ТРЕТ ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План) ги повикува граѓаните да земат активно учество во идентификација на проблемите со животната средина и да го дадат своето мислење за сегашната состојба.
Со пополнување на анкетниот прашалник кој може да се најде на интернет страната на општина Охрид, граѓаните ќе придонесат за ефикасно справување со предизвиците во сопственото место на живеење за доброто на сите.
OhridNews












