Во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, во понеделник 22- ри април, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за собирање средства за обнова на манастирот Трескавец.

– Ние планиравме да го поканеме „Танец“, покрај настапот на Балканскиот фестивал да има уште еден целовечерен концерт во Охрид. Разговаравме со директорот и дојдовме до идеја да го организираме овој хуманитарен концерт. Со тоа и охриѓани ќе можат да дадат свој придонес кон обновата на опожарениот манастир и да направат еден убав и хуман гест пред големиот празник Велигден.Секој настап на „Танец“ е неповторлив и посетен, се надевам дека  така ќе биде и овој пат, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.

Концертот ќе започне во 20 часот. Цена на влезниците е 100 денари.

OhridNews