Со претстава што се одржа вчеравечер на малиот плоштад кај ТЦ Амам, заврши јазично-музичкиот камп по германски јазик во организација на Гете-Институт Скопје.

Кампот под раководство на експерти од Германија се одржа во просториите на ОУ „Григор Прличев “, а учествуваа 33 ученици од партнерските училишта од Македонија, Албанија и Косово меѓу кои и ученици од ОУ „Григор Прличев “.

Целта на кампот беше подигнување на јазичните и музичките компетенции на учениците. Во рамките на кампот беше организирана и работилница за наставници на која тие научија како да користат песни во наставата по германаки јазик.

OhridNews