По повод Светскиот ден на тетарот Народниот театар Охрид во недела на 27-ми март на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе претставата „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер.

Претставата е во режија Нела Витошевиќ, а играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ. Костимографија е на Роза Трајческа Ристовска, сценографија Нела Витошевиќ, видео материјал Васил Христов, избор на музика Нела Витошевиќ, а сценографијата ја изработи “Вуле Игор вудкрафт” Охрид.

Претставата ќе започне во 20 часот а влезниците чинат 150 денари.