Проектот го спроведува Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај а ке се реализира со користење на „мобилниот полигон“ но и со повеќе планирани едукативни предавања за децата односно учениците како најмлади учесници во сообраќајот.
Проектот „Запознавање на патот од домот до училиштето“ има превентивен карактер за што веќе се подготвени типизирани предавања од областа на базичното сообраќајно воспитување за најмладите. Предвидено е делење на флаери и друг пропагандно-едукативни материјали од областа на сообраќајот но и секојдневно превентивно присуство на полициски службеници пред Основните училишта и градинките.
Реализацијата на овој проект ќе значи квалитетна едукација на најмладите учесници во сообраќајот, укажување на неоходноста од почитување на сообракајните правила и прописи но и обид за подигнување на степенот на безбедносната култура кај децата и останатите учесници во сообракајот, информираат од СВР Охрид.