Секторот за внатрешни работи Охрид, против 79-годишен жител на Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“.

Пријавениот, на 30-ти минатиот месец, со ловен карабин испукал два куршуми при што усмртил едно куче а со еден истрел предизвикал оштетување на патничко моторно возило марка „Пежо“. Настанот се случил околу 11 часот во дворот од неговата куќа на улицата „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид во момент кога пријавениот забележал дека во куќниот двор кучето ги нападнало патките. Револтиран поради тоа, тој од куќата на неговиот син и без негово знаење, го зел ловниот карабин марка „Застава“ калибар 8.57 и испукал два куршуми погодувајќи го најнапред возилото во близина на резервоарот за гориво, а потоа го усмртил кучето по што го фрлил во блиската река.

Откако го сторил тоа старецот го оставил ловниот карабин на истото место во куќата. Тој од домашните го сокрил настанот и употребата на огненото оружје со кое предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето, соопшти СВР Охрид.

OhridNews