Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски со два погодоци одигра клучна улога во триумфот на Баерн Минхен (3-1) против тимот на Аугзбург.
Водечкиот голгетер на „баварците“ во двете полувремиња постигна по еден погодок и му го трасираше патот за победа на својот клуб. Предноста на 3-0 ја зголеми Томас Милер, а домаќините преку Раул Марсело Бобадила успеа да постигнат почесен погодок.
Резултати: Хамбургер – Борусија Менхенгладбах 2-3, Аугзбург – Баерн Минхен 1-3.
Табела: Баерн Минхен 56, Дортмунд 48, Леверкузен 35, Херта 35…
OhridNews











