Со низа реализирани проекти минатата 2024 година Општина Вевчани ги подобри условите за Вевчанци и туристите. Беа реализирани реконструкции на локални улици, изградба на канализациска линија, санација на урбана опрема, градежни активности во детската градинка…


Паралелно со реконструкцијата на главните локални улици во Вевчaни, се работи и на изградба на нова инфраструктура за улично осветлување. Поставени се нови канделабри, санирана е и постоечката урбана опрема на излетничкото место Јанков Камен и уреден е влезот во спортскиот полигон, изјави Кочовски.
Тој истакна дека е поплочен и просторот во Соборниот храм „Свети Никола“ со цел уредување и обезбедување на повеќе паркинг места, кои ќе ги користат како жителите на Вевчани, така и туристите.
Со цел зајакнување на општинските капацитети за собирање комунален отпад за потребите на општина Вевчани, набавено е ново специјално возило за собирање на комунален отпад.
Како дел од активностите на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен балкан и Турција“, заеднички кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а кој се спроведува од страна на GIZ во Западен Балкан и CPMA во Турција, во општина Вевчани се реализираше пилот проектот „Кон енергетски ефикасни општини“ во рамките на кој се постави фотовоталична електроцентрала на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани со номинална моќност од 20,00 kWp, потсети градоначалникот.
Во поглед на подобрување на усовите за престој на дечињата во детската градинка „Планински цвет“ целосно се променети внатрешната столарија и плочките, ламперијата е заманета со гипс картон, а инсталиран е и нов систем за затоплување на објектот со енерегетски ефикасни топлотни пумпи.

OhridNews













