Со редуцирање на уличното осветлување во градот и населените места до заштеда на електрична енергија во Струга. Согласно владините препораки и мерки градоначалникот Рамис Мерко денеска имаше средба со претставници од ЕВН, јавните набавки, финансии и други релевантни чинители.

На терен ќе се врши поставување на уреди во 208 мерни единици низ градот и селата во Струга. Селективно исклучување ќе се врши во некои делови од градот и селата на рационален начин, со што ќе се елиминира злоупотребата и истовремено ќе се заштеди. Ќе се редуцираат и уличните светилки во некои делови од градот и во селата, соопшти општинската прес-служба по завршувањето на средбата.

Ваквите чекори, велат, се преземаат поради поскапувањето на електричната енергија и повисоките сметки за три до четири пати, сума што не е предвидена во буџетот на Општината за 2022 година.

Упатуваат апел до населението за разбирање, со ветување дека работат за доброто на градот и граѓаните.

OhridNews