Наредниов период охридската локална власт ќе работи на расчистување на влезот од Охрид и средување на булеварот Туристичка. Според најавите деновиве Охридски Комуналец ќе го отстрани отпадот што несовесните граѓани го фрлаат, на самиот влез од Охрид, непосредно пред депонијата “Мауцкер“
“Овој простор наредниов период ќе биде осветлен со рефлектори. Со намера да се искоренат лошите навики на охриѓани, по акцијата на чистење просторот 24 часа ќе биде контролиран од двајца комунални инспектори. Ќе се постават еластични браници и информативни табли со кои јасно ќе се укажува на забраната за фрлање отпад пред влезот на Охрид“, изјави градоначалникот Никола Бакрачески, по обиколката на депонијата.
Во насока на поубав Охрид, надлежните од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, ќе работат на отстранување на контејнерите за отпад од пешачките патеки на Булеварот Туристичка и нивна замена со подземни контејнери. Исто така игралиштето за кошарка што е во непосредна близина на инфо -туристичкиот центар на Булеварот туристичка ќе биде среден и доопремен со уште еден кош.
OhridNews