Со ревијални натпревари во фудбал и крос кантри учениците од средното училиште „Свети Климент Охридски“ го одбележаа патрониот празник.


Натпреварите во фудбал се одиграа во спортско рекреативниот центар „Климент Колески“ додека крос кантрито се одржа по кејот на Охридското езеро.

Со низа културни свечености дополнително ќе биде збогатена програмата за прославувањето на патрониот празник во училиштето.

Ohridnews