Старата руирнирана зграда на Здравствен дом, позната како Маларична со секој посилен дожд се распаѓа се повеќе. Невремето кое попладнево го зафати Охрид предизвика оштетувања на дел од таванската конструкција и нејзино одронување.


Дождот пак создава проблеми

Колкава е штетата и дали влијае на работата на амбулантите не успеавме да дознаеме, затоа што дел од вработените не им дозволија на медиумите да влезат внатре и да ја извршат својата професионална задача. Одговорните во здравствената установа само кусо информираа дека се работи на санација на штетата.


На новинарите не им беше дозволен влез во објектот

Зградата на Маларичната е меѓу најстарите во Охрид. Таа со години, децении, е предмет на изборни ветувања и недоразбирања помеѓу властите на централно и локално ниво. И додека тие секогаш имаат изговор зошто и по толку време Охрид нема современ Здравствен дом, времето немилосрдно не потсетува на реалноста во која се наоѓа не само здравствениот, туку целиот наш систем воопшто.

OhridNews