Претставата “Метаморфози” во режија на Андреј Цветановски не ја остави рамнодушна публиката, која по завршувањето на претставата задоволно коментираше дека на Охрид конечно му се случи театар.
Претставата е работена според “Метаморфози” на Овидиј, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска. Во неа играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ и Македонка Илиевска.
“ Метаморфози”, од септември, ќе биде дел од редовниот репертоар на Охридскиот театар.
Премиерата на втората претстава е предвидена на крајот на месец јуни и е заеднички проект на актерот Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски- Упа.











