Со добро познатото шоу за јавноста „2 Мothers Brothers and 2 Cousins“ вечерва започнува седмото издание на „Summer Comedy Marathon“. Шоуто ќе биде изведено со почеток во 21 часот во „Monastery Winery“ во Опеница.
Комеди кабаре какво што не сте виделе. Вино, ѕвезди и комедија – не го пропуштај отворањето на Летниот Комеди Маратон. Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Никола Јосифоски и Јане Тодороски ќе ве однесат на вечер полна со смеа и фамилијарен хаос, велат организаторите.
Воедно, ветуваат квалитетна и шаренолика програма за сечуј вкус на седмото издание на „Summer Comedy Marathon“.

Карти за шоута може да се купат на страната www.hahaha.mk или да се резервираат на тел. бр. 075/283-066.
OhridNews












