Технологијата длабоко има пуштено корени во спортот и незамисливо е тренинг, натпревар или пак фитнес тестови да поминат без неа.

Овој терк го следи и Фудбалската федерација на Македонија, која за потребите за полагање на фудбалските судии користи апарати кои се донација од УЕФА, а потекнуваат од Италија.

– Секаде низ Европа се користат вакви апарати за мерење на физичката спремност на фудбалските судии. Тие се прецизни и точни и неверојатно е да погрешат – рече координаторот на фитнес тестовите, Бојан Марковски.

Физичката спремност на судиите се одредува со два фитнес тестови и тоа кратки спринтови од 40 метри и интервално трчање со паузи.

Мх.П.