Мрсната коса е еден од најчестите проблеми во одржувањето на уреден и негуван изглед, и создава потешкотии во секојдневното обликување на фризурата. Освен природната тенденција кон претерано излачување на себум, постојат и низа грешки со кои сами го поттикнуваме нејзиното мрсење. Некои од најчестите се кријат во стресниот начин на живот и лошата исхрана, како и погрешното негување на косата.

1.Пречесто и погрешно миење
И покрај мрсната коса која го нарушува комплетниот изглед, треба да се воздржиме од секојдневно миење. Имено, со пречестото изложување на косата на вода и шампон се поттикнува зголемено излачување на мрснотии, па идеално е да ја миеме два пати неделно. Поголемата количина на шампон не е предуслов косата да биде чиста, напротив, на мрсната коса шампонот побрзо се „лепи“, па неговото измивање е отежнато. Количина со големина на орев, нанесена два пати, е единствената препорачана доза, со тоа што првиот нанесен дел од шампонот треба темелно да се втрие, а другиот нежно се масира.

2. Висока температура на водата и жештината на фенот
Жешката вода, како и врелиот млаз воздух од фенот го поттикнуваат лачењето на маснотиите, па мрсната коса е пожелно да се мие со млака или дури и поладна вода. Таа ги одржува кутикулите затворени, што ја зајакнува косата и спречува насобирање на себум.

3.Погрешен избор на четката за коса
По миењето мрсната коса е најдобро да се исчешла со пластична четка чии врвови се меки и заоблени. Металните четки не се препорачуваат бидејќи мрснотијата од темето се разнесува долж целата коса. Со производите за коса исто така треба да бидеме внимателни, и доколку нивното користење е неопходно, треба да се бираат само оние на природна основа – восок, гел и пена.

4.Голема количина на регенератор
На мрсната коса регенераторот не и е неопходен, тој едноставноста и чистотата на косата ги претвора во додатен слој кој привлекува нечистотија.

5.Претерување со маските за коса
За мрсната коса постојат различни маски на пазарот, но со нив исто така треба да се биде штедлив, бидејќи наместо хранење на косата, најчето предизвикуваат тaa да станe тешка. Пакувањата за коса користете ги два пати месечно, тоа е доволно влакното да се нахрани и да се намали претераното излачување на себум.

 

извор: zenstvena.com