Снегот по улиците и тротоарите придонесе и за поголем број интервенции во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“.

Како што информираат од болницата, денес, извршен бил поголем број интервенции поради скршеници на долни екстремитети, нагмечувања, фрактури, но за среќа не се евидентирани посериозни повреди и скршеници.

Се советуваат граѓаните за поголема внимателност при излегувањето од дома, особено постарите лица на кои им се препорачува да не излегуваат во вечерните часови поради ниските темпераури и мразот на улиците и тротоарите.

OhridNews