Со солзи во очите Хаџиески, Шаќири и Стојкоски се збогуваа со Милошевски
15.03.14 16:03
Со нескриени емоции на комеморацијата беше испратен во фудбалските легенди Петар Милошевски, кој трагично загина во сообраќајна несреќа.
На говорницата во чест на Милошевски зборуваа екс селекторот Ѓоко Хаџиевски, сегашниот Бошко Ѓуровски, како и неговите соиграчи Артим Шаќири и Митко Стојкоски.
– Ова се уште не е за верување. Загубивме личност која беше обожавана од секого, но Петар зад себе остави такво дело што силно не обврзува сите да продолжиме да работиме по неговите чекори и визии. Беше мое дете Петар, не можам да го прифатам ова, но мора гордо што те познававме и натаму да се грижиме твоето дело да живее. Продолжуваме со максимална грижа за твоето семејство, затоа што тоа сега е наше семејство – рече Хаџиески, кој со својот говор никој не остави рамнодушен на комеморацијата.
Само пофални зборови за некогашната „единицата“ во македонската репрезентација имаа Шаќири и Стојкоски – Загубивме брат. Не постојат такви зборови со кои може да се опише Петар како човек, како лично, како спортист. Треба сите во иднина да се погрижиме што повеќе меѓу нас, меѓу спортистите, меѓу народот да ја шириме неговата добрина.
Милошевски во 40-та година од животот настрана по страотната собрааќајка која се случи на магистралниот пат Скопје – Куманово.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...