Учениците  од училиштето за странски јазици ”САНРАЈС“ повторно заблескаа  со своите  раскошни маски по повод празникот Халовин,  за да потсетат  на верувањата   на  старите  Келти за „страшната  ноќ“  кога ја дочекувале Новата  Година.

– Подготовките  и возбудата  на нашите  ученици за оваа весела ноќ беа големи,велат од „ Санрајс“.

Оттаму додаваат дека изучувањето на  еден странски јазик подразбира  и  запознавање на културната  традиција и обичаите на народот чиј јазик се изучува.

OhridNews