Поради наглото топење на снегот и интензивните врнежи од дожд деновиве, дојде до затнување на атмосферските сливници и собирање на големи количини атмосферска вода на голем број локации во градот. Мали „езерца“ со вода можат да се забележат на улиците, но и меѓу станбените објекти.

Поради тоа екипи од  ЈП „Нискоградба“ уште од вчера се на терени и  со наменско возило за пробивање на атмосферска и фекална канализација вршат чистење на сливниците  со цел да се обезбеди проток на атмосфесрката вода во шахтите.

OhridNews