Општина Охрид аплицираше и доби средства од Каен- Долна Нормандија за реализација на проектот „ Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“, во висина од 13 000 евра.
Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија и се реализира преку Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија. Носители на проектните активностите ќе бидат општина Охрид и општина Каен, во соработка со Завод и музеј од Охрид.
OhridNews