„Со СУП преку граница“ испратена порака за прекугранична соработка и заедничка грижа за Охридското Езеро
02.09.26 09:15
По успешното прво преминување минатата година, оваа година „Со СУП преку граница“ се одржа по втор пат како маратонско СУП веслање на Охридското Езеро во должина од 30 километри. Настанот беше организиран од СУП Клуб Охрид, како дел од програмата на Фестивалот на водени спортови Охрид (Ohrid Water Festival).
Во веслањето учествуваа 30 веслачи со институционална поддршка од двете држави. Првиот ден веслачите ја поминаа релацијата Калишта – Лин, а вториот ден Љубаништа – Лагадин.
Централен момент беше симболичното преминување на границата од македонската на албанската страна на Охридското Езеро со даски за стоечко веслање, момент со кој се праќа порака за прекугранична соработка, за заедничка грижа за Охридското Езеро како природно наследство и за развој на одржлив и активен туризам на двата брега, посочуваат организаторите.
Фестивалот на водени спортови Охрид е манифестација посветена на Охридското Езеро и водата како заеднички ресурс, што низ спортски, еколошки и културни настани ја поврзува локалната заедница со гости од регионот и подига свест за зачувување на езерото.
„СУП преку граница“, додаваат организаторите, ќе остане настан што ги поврзува луѓето, спортот и езерото, без граници.
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Пред три и пол децении интернетот не беше дел од секојдневието на македонските граѓани Денес преку него комуницираме, работиме, купуваме, плаќаме, се информираме и користиме различни услуги, а моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.