Со богата и свечена приредба, вчеравечер учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележаа патронатот на своето училиште. Темата на овогодинешниот настан беше „Бајките и приказните – мудроста на моето детство“.

На свеченоста која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

Во рамки на програмата беше изведена кореографија со детски маски, преку која најмладите ги претставија своите омилени јунаци од бајките. Потоа следуваше рецитал составен од мудри мисли и поговорки и драматизација на приказната за Силјан Штркот. Исто така, беа изведени и неколку ритмички точки, како и музички композиции на училишниот хор и оркестар.

OhridNews